Почина поранешниот турски премиер Јилмаз

Поранешниот премиер на Турција, Месут Јилмаз почина на 72-годишна возраст.

Јилмаз беше член на партијата Матица (АНАП) од 1991 до 2002 година, а во текот на 90-тите години трипати беше биран за премиер, но неговите два мандата траеја само по неколку месеци поради пад на неговите коалициски влади.

Третиот мандат на Јилмаз траеше 18 месеци по така наречениот воен меморандум од 1997 година, со кој беше сменета владата на тогашниот премиер Неџметин Ербакан, кој застапуваше исламски вредности е беше ментор на актуелниот претседтаел на Турција,Реџеп Тајип Ердоган.

Јилмаз беше и министер за надворешни работи и за култура во владата на Тургут Озел.

InterServer Web Hosting and VPS