Мицкоски предлага здравствените работници еднаш месечно бесплатно да се тестираат

Во време на Ковид пандемија, во насока да ги заштитиме тие што се грижат за нашето здравје и спасуваат животи, предлагам Владата и Министерството за здравство, да овозможат и организираат бесплатно тестирање еднаш во месецот за сите здравствени работници кои имаат потреба и кај кои постои најголем ризик да заболат, напиша на социјалните мрежи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Поради специфичноста на нивната професија, тие се принудени по неколку пати во месецот да плаќаат за тестирање, бидејќи термини за тест преку матичен доктор нема, не дозволува системот или првиот слободен термин е многу доцна“, објаснува Мицкоски.

Овој е уште еден од низата предлози кои ги презентира лидерот на опозициската партија во однос на превенција од коронавирусот, откако претходно предложи ослободување од работа на бремените жени и хронично болните.

InterServer Web Hosting and VPS