Конте дури сега е во проблем: Интер против Реал Мадрид без – Ромелу Лукаку

Лоши вести синоќа доби Антонио Конте, тренерот на миланскиот гигант Интер пред веројатно еден од решавачките мечеви во ЛШ со Реал Мадрид, зашто „нераѕурите“ останаа за тој дуел без својот најдобар напаѓач – Ромелу Лукаку.

Лукаку вчера утрото имаше лекарски прегледи за повредата на магнетна резонанца, а исходот е дека има повреда на адукторот на левата нога и нема да може да игра во дербито со „кралскиот клуб“.

Интер без својот најдобар напаѓач ќе мора да се бори за добар резултат против грогираните „кралеви“, кои имаат само еден бод од два меча досега во ЛШ, откако се спасија во завршницата од пораз со Борусија Менхенгладбах, додека Интер ремизираше на гости кај Шахтер без голови.

Лукаку досега даде седум гола сезонава, а покрај мечот со Реал ќе го прескокне и калчолигашкиот дуел со Парма викендов.

InterServer Web Hosting and VPS