Мурињо лут со порака од автобус ги разочара фудбалерите: „Да можев сите 11 ќе ги заменев на полувреме“

Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето од играта на својот тим на гостувањето против Антверпен во Лигата на Европа. По натпреварот се огласи на Инстаграм откривајќи им на фудбалерите на Тотенхем дека веќе денеска наутро ги чека тренинг.

„Лошата игра заслужува лош резултат. Се надевам дека сите во овој автобус се вознемирени како и јас. Утре тренинг од 11 часот“ – напиша Мурињо покрај споделената фотографија.

А, претходно на прес-конференцијата по поразот од 1-0 од Антверпен португалскиот стратег истакна да можел сите 11 би ги заменил на полувремето од мечот.

„Би ги заменил сите 11 фудбалери да можев, а една си оставив чисто затоа што 45 минути е предолго да играш без замена. Но, играчите не се виновни. Виновен сум само јас затоа што го одбрав тој почетен состав и јас одлучив како ќе играме“ – истакна Мурињо.

Португалецот натпреварот го почна со Бејл и Винициус, а на полувремето ги уфрли Хојбјерг, Лукаш Моура и Сон, нешто подоцна и Хари Кејн.

InterServer Web Hosting and VPS