Џорџ и Амал Клуни вторпат чекаат близнаци

Глумецот Џорџ Клуни и неговата жена Амал вторпат чекаат близнаци, пишува „Латин тајмс“. Извор за списанието изјавил дека Амал веќе има труднички стомак и дека италијанските фотографи имаат слики како доказ, но дека тие досега не се објавени. Според истиот извор, глумецот бил многу возбуден што повторно ќе стане татко. Тој и Амал во 207 година станаа родители на близнаците Александар и Ела.

Според „Латин тајмс“, глумецот и активистката за човекови права, ја надминале кризата во бракот, за која пишуваа медиумите на почетокот на годината. Парот е во брак од 2014 година, а се венчаа на луксузна церемонија во Венеција, Италија.Текстот Џорџ и Амал Клуни вторпат чекаат близнаци е превземен од Reporter.mk.

InterServer Web Hosting and VPS