Инспекторите добиваат поголеми надлежности, ќе може да затвораат угостителски објекти

Собранието ги изгласа измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. По измените, инспекторите добија поголеми овластувања, ќе ги казнуваат на лице место граѓаните кои нема да носат маска на отворено. Исто така, доколку утврдат прекршување на здравствените протоколи, ќе имаат овластување на лице место да може да затворат угостителски објект.

Вицепремиерот Николовски побара од граѓаните да ги почитуваат  мерките, за  да се спречи ширењето на вирусот.

„Ако инспекторите констатираат одредено прекршување на протоколите од некое правно лице, во истиот момент ќе му биде изречена привремена забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена. Висината на глобите, ќе варира во зависност од големината на правниот субјект – мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорните лица“, изјави Николовски.

Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна. Ако воопшто постоеше некој кој се двоумеше и имаше недоверба во однос на тоа дали овие промени се потребни пред речиси еден месец, кога за прв пат ги претставивме пред јавноста, верувам дека сега со изгласувањето на законските измени и дополнувања, мислењето е променето.

Во моментов Државниот Пазарен инспекторат работи со над 120 инспектори, а за дополнителни 20 вработувања државата ќе обезбеди финансии од наредната година. Инаку, со законските измени, за угостителските објекти остануваат старите правила – таму граѓаните ќе можат да седат без маска. Истата ќе мора да ја стават кога ќе излезат надвор, на отворено. Во спротивно ќе платат 20 евра казна.

Минатата недела владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести да се ограничи работното време на угостителските објекти до 23 часот.

Со измените во законот се зголемуваат и казните за прекршување на здравствените протоколи.

InterServer Web Hosting and VPS