Ким Кардашијан го прослави својот 40-ти роденден „скромно“ на приватен остров со семејството и пријателите: Од нив побара да го направат ОВА!

Ким Кардашијан наполни 40 години и го прослави роденденот како да нема проблеми. Ким напиша дека се чувствува благословена и дека роденденот го слави „скромно“ со семејството и пријателите.

Ова не беше обична прослава затоа што ова беше антипандемична роденденска забава со голем број луѓе собрани на приватен остров што Ким го изнајми за забавата. Имено, Ким побара сите да бидат тестирани и ставени во карантин пред роденденот. “Ги изненадив моите пријатели и семејство. Ги однесов на приватен остров да заборават на проблемите и да се однесуваат нормално”.

“Танцувавме, пливавме со китови, гледавме филмови на плажа и многу повеќе. Во овие моменти се чувствувам скромно и благодарно затоа што знам колку сум привилегирана”, напиша Ким.

InterServer Web Hosting and VPS