Погледнете во луксузниот дом на Кејтлин Џенер: Има базен и свој бар

Реалити sвездата Кејтлин Џенер (71) со своите следбеници ја сподели внатрешноста на нејзиниот дом во Малибу каде што живее со пријателката Софија Хачинс.

Кејтлин ја купи куќата за 3,5 милиони долари по разводот со Крис Џенер (64). Таа изградила голем имот што гледа кон кањонот Малибу и Тихиот океан. Просторот го дизајнираше Лори Маголис.

Куќата има големи површини со многу светлина, голем базен, топла када и бар за гости.

– Мислам дека најневеројатно во мојата куќа е погледот. Секој што поминува низ мојата куќа секогаш вели дека им се допаѓа “, рече Кејтлин во видеото што го покажува својот дом.

InterServer Web Hosting and VPS