Galaxy Z Flip 2 може ќе пристигне во првата половина на 2021. година

Се појавија информации кои се однесуваат на можната објава на Samsung Galaxy Z Flip 2 телефонот. Претходните гласини сугерираа дека овој уред ќе биде одложен за подоцнежниот период на следната година. Меѓутоа, изгледа дека Samsung пронајде начин флексибилниот смартфон да го објави во текот на првата половина на 2021. година.

Минатиот месец, дојавувачот @DSCCRoss на Twitter објави дека Samsung ќе го објави Galaxy Z Flip 2 подоцна во текот на 2021. Сега повторено се огласи со нови информации, а овој пат се верува дека телефонот, сепак, ќе биде претставен во текот на пролетта следната година. Тој истакнува дека Z Flip 2 нема да биде подготвен да се појави на пазарот заедно со Galaxy S21 серијата.

Тоа би можело да значи дека Samsung ќе одржи сппецијален настан, во текот на кој ќе го претстави Galaxy Z Flip 2, а можеби и некои други производи. Само за потсетување, првиот Galaxy Z Flip беше објавен во феваруари оваа година во 4G верзија, додека 5G варијантата беше претставена пред неколку месеци.

Се очекува дека Samsung Galaxy Z Flip 2 ќе има и 4G и 5G поддршка, а гласините сугерираат и дека ќе ја задржи истата цена како претходникот. Телефонот претходно се појави на Geekbench со Qualcomm Snapdragon 865 чипсет и 8GB RAM, како и 256GB простор за складирање.

InterServer Web Hosting and VPS