Apple TV пристигнува за PlayStation 4 и PS5

Апликацијата Apple TV е претставена на секоја платформа, освен на конзолите за играње видео игри. Изгледа дека дојде време и тоа да се промени. Sony ги откри почетните медиумски апликации за PlayStation 5, а Apple TV е една од нив. Како и на другите платформи, можете да ги погледнете емисиите на Apple TV, да се пријавите за премиум канали и да купите или изнајмите филмови и емисии. Апликациите ќе пристигнат и за PlayStation 4, така што не морате да купувате нова конзола.

Неодамна Windows Central пронајде докази дека апликацијата Apple TV доаѓа и на Xbox конзолата, па немојте да бидете изненадени ако и на тој фронт постојат соодветни вести. Ова секако нема да биде единствена опција. Sony додаде дека Disney+, Netflix, Spotify, Twitch и YouTube, исто така, би биле достапни на PS5 од самиот почеток. Amazon Prime Video, Hulu, MiCanal и Peacock ќе бидат достапни подоцна.

Sony исто така фрли светло на PS5 Media Remote. Вкупно ќе има пет копчиња за овие мултимедијални апликации, а покрај веќе резервираните, петото ќе можете самите да го програмирате. Далечинскиот управувач чини 30 долари, и на листата на Amazon и на листата на BestBuy. Корисниците пријавија дека постои проблем со порачување на овој ппизвод, веројатно поради големата побарувачка.

InterServer Web Hosting and VPS