Porsche вметна нова батерија за поголема автономија на плаг-ин изведбите на Cayenne

Купувачите на плаг-ин хибрид изведбата на Porsche Cayenne и Cayenne Coupe во иднина ќе добијат поголема автономија на електричен погон, откако производителот реши да вметне батерија со поголем капацитет.

Досегашната 14,1 kWh батерија е заменета со наследник со капацитет од 17,9 kWh, што според производителот ја зголемува автономијата за 30 проценти, односно возачот располага со 48 километри без да го користи класичниот мотор.

Промената ќе обезбеди повеќе поволности за сопствениците на автомобилите во Германија, но и на други пазари, додека моќноста останува непроменета.

Класичниот Porsche Cayenne/Cayenne Coupe E-Hybrid го задржува потенцијалот од 462 коњски сили, додека порадикалната Turbo S E-Hybrid изведба останува на 680 коњски сили.

Дополнителната промена која пристигнува заедно со поголемата батерија е менувањето на возењето во E-Charge режим, чиј приоритет е полнење на батеријата, но во иднина до 80 наместо 100 проценти, користејќи го сознанието дека полнењето на батеријата по 80 проценти од нејзиниот капацитет оди многу поспоро.

InterServer Web Hosting and VPS