Внимавајте! Премногу витамнин Ц може да создаде камења во бубрезите

Витаминот Ц е неопходна супстанца неопходна во секојдневната исхрана, бидејќи влијае на подобрата работа на сите органи, а со тоа и на целокупното здравје.
Меѓу другото, го зајакнува имунитетот, помага во обновување на сврзното ткиво, полн е со антиоксиданси, го стимулира производството на колаген, го зачувува видот, помага за побрзо заздравување од настинки и разни инфекции…

Препорачаната дневна доза на витамин Ц е 90 мг за мажи, 75 мг за жени, а пушачите и лицата кои страдаат од артритис треба да земаат дополнителни 35 мг секој ден.

Иако можеби ви се чини дека „колку повеќе толку подобро“ е вистинската мерка и во овој случај, всушност претерувањето со витамин Ц може да ги предизвика следниве два проблеми:

Проблеми со варењето на храната

Премногу витамин Ц може да предизвика дигестивни проблеми како што се дијареја, гадење и грчеви во стомакот.

Проблем со камен во бубрег

Експертите наведуваат дека постојат некои докази дека високи дози на витамин Ц можат да стимулираат одредени реакции што ќе предизвикаат формирање на камења во бубрезите.

InterServer Web Hosting and VPS