LG Q52 официјализиран со Helio P35 чипсет

LG Q52 телефонот е официјално претставен, а пристигнува со Helio P35 чипсет, има четири камери и два LED блица, како и основен LCD екран со HD+ резолуција.

Смартфонот надвор од Јужна Кореја е познат како LG K52, а покрај MediaTek чипсетот  има и 4GB RAM и 64GB простор за складирање податоци (со microSD слот за проширување на капацитетот).

Системот камери на задната страна го сочинуваат 48MP главен сензор, 5MP ултраширок сензор, како и 2MP сензори за макро и длабочински снимки. Предната камера од 13MP е сместена во punch-hole отвор.

Екранот е рамен и има дијагонала од 6,6 инчи, со тенки рамки од трите страни и нешто поголема долна рамка. Од десната страна е сместен сензорот за отпечатоци од прсти, додека од левата страна се наоѓаат копчиња за звук и Google Assistant.

Тука се и 4000mAh батерија, USB-C порт и Bluetooth 5.0 поддршката. LG Q52 се продава по цена од околу 290 долари.

InterServer Web Hosting and VPS