Го заборавиле своето куче нa 60 км. од домот – по 26 дена се појавило на прагот исцрпено: „Се надевавме дека преживеало“

Ова верно куче кое што сопственикот го заборавил на бензинска пумпа, поминало 60 километри до својот дом за 26 дена, пренесуваат кинеските медиуми.

Кучето Доу Доу, старо седум ипол години, случајно било оставено на бензинска пумпа, а семејството дури после неколку часа воочило дека го нема во автомобилот, пренесува „Daily Mail“.

Доу Доу еден месец се обидувало да се врати кај својот сопственик кој што изгубил надеж дека повторно ќе го види своето куче.

Кога се вратило дома, кучето било целосно исцрпено и изнемоштено.

Кију, сопственикот на кучето, изјавил за новинарите дека претпоставил дека Доу Доу останал во автомобилот додека тој и сопругата го барале своето дете кое што накратко се изгубило.

Тие утредента се вратиле до бензинската пумпа и го барале кучето два часа, но потоа се откажале.

„Се надевавме дека преживеало и дека луѓето со добро срце го вдомиле“, изјавил Кју за локалните медиуми.

Кога Доу Доу се појавил на вратата по речиси еден месец, луѓето не можеле да го препознат:

„Беше речиси непрепознатливо, затоа што многу ослабнало, но и понатаму беше тоа добро старо куче. Му се гледаше тоа во очите, сјаеше“, додал Кију.

InterServer Web Hosting and VPS