Арсовски: Владата ќе посредува во проблемот со пожарникарите

Портпарол на Владата, Душко Арсовски на денешната прес-конференција даде одговор за проблемот со кој се соочуваат пожарникарите и кое решение би било најсоодветно, затоа што тие не можат да си ги остварат своите финансиски права поради косењето на два закони.

– Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година – рече портпаролот на Влада.

Тој додаде дека на седницата на Влада во септември е прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот за воспоставување на национална децентрализација во против пожарната заштита со воведување на блок-дотација за секоја општина. Во акцискиот план е планирано да се направат измени и дополнувања во Законот за пожарникарство, а во процесот ќе бидат вклчени министерствата за финансии, за локална самоуправа, заедницата на единиците за локална самоуправа, Дирекцијата за заштита и спасување.

– Од 2022 година од тоа што го имаме како информација треба да се премине од наменски блок на додатции кои ќе се трансферираат на општините, а разликата е во тоа што наменските дотации може да се користат само за плати и надоместоци на пожарникарите, а средствата од блок-дотации оптината може да ги користи за функцијата пожарникарство и првенствено треба да се исплатат платите и надоместоците на пожарникарите – вели Арсовски.

Портпаролот рече дека информацијата од Град Скопје е дека овие денови има интензивен контакт со пожарникарите, како и дека е тука Владата на некој начин да посредува и да се изнајде што поскоро решение за овој проблем.

InterServer Web Hosting and VPS