По короната, стануваме… глупави? Потресните сознанија на научниците ги загрижија сите кои биле позитивни на Ковид-19

Короната, наводно, може да го „остари“ мозокот 10 години и да го намали нивото на интелигенција

Корона вирусот може да предизвика намалување на когнитивните функции на мозокот, според новата студија цитирана од „Times“.

Особено, пациентите кои се опоравиле може да доживеат намалување на когнитивната функција, поради што нивниот мозок може да “остари” 10 години по прележувањето на ковид.

Ова исто така одговара на пад на коефициентот на интелигенција за 8,5 поени.

Состојбата опишана како „мозочна магла“, доживеана многу недели по закрепнувањето, може да биде знак за многу посериозни последици.

Во студијата учествувале 84.285 луѓе кои имале потврдена инфекција со корона вирусот, по што било утврдено дека оштетувањето на мозокот варира во зависност од тежината на болеста.

Пациентите кои биле потешко болни, односно лежеле на интензивна нега и биле на апарати за дишење, претрпеле штета еднаква на пад од 8,5 поени на коефициентот на интелигенција или десет години стареење на мозокот.

Адам Хемпшир од медицинското училиште „Империјал колеџ“ во Лондон изјави дека „шокантните“ резултати од студијата не биле ограничени на пациентите кои биле лекувани. Според оваа студија, дури и оние кои не страдале од респираторни проблеми, но биле позитивни на вирусот корона, имале пад на когнитивните функции за време на закрепнувањето.

Во исто време, луѓето кои закрепнале забележале голема разлика во нивниот секојдневен живот, додека оние кои пријавија „мозочна магла“ дури и неколку месеци по закрепнувањето, рекоа дека „не можат да се концентрираат на својата работа на ист начин како порано“.

Резултатите од студијата треба да послужат како „аларм“ за понатамошно истражување за тоа како корона вирусот влијае на мозокот и зошто оние што се опоравуваат имаат посиромашни резултати на когнитивните тестови во повеќе области.

InterServer Web Hosting and VPS