Хакирана веб страницата на претседателската кампања на Трамп

Официјалната веб страница на претседателската кампања на Доналд Трамп била накратко хакирана, една недела пред изборите во САД на 3 ноември.

На сајтот неколку минути стоела порака дека „оваа веб локација е запленета“.

– Светот е заситен од лажни информации кои претседателот секојдневно ги шири, пишувало на интернет страницата.

Авторите на пораката тврделе дека имаат доверливи информации за Трамп и неговата Влада, и барале плаќање во криптовалута за да се открие нејзината содржина. Меѓутоа, хакерите не приложиле никакви докази за таквите тврдења.

Портпаролот на кампањата Трамп 2020, Тим Мурто го потврди хакирањето на сајтот, истакнувајќи дека се соработува со полицијата за да се најде изворот на нападот и додаде дека страницата повторно е во функција.

InterServer Web Hosting and VPS