Опозицијата собира потписи за комисија за ковид 19

Венко Филипче утре во Собранието освен неговите мерки ќе го дочекаат и измени на законот за заразни боелсти со кои ВМРО-ДПМНЕ, Алијанска за Албанците и Алтернатива, како и Левица бараат измени на истиот закон и формирање на специјална комисија за ковид 19.

Измените со пратенички потписи денеска влегоа во собраниската архива. Опозицијата очекува да добие поддршка и до колегите од власта. Од опозицијата од албанскиот блок пак не го спорат постоењето на актуелната комсија, велат дека се занимаваат со други заразни болести, но за коронавирусот одлуките и се политички. 

И додека опозицијата бара нова комисија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук ги обвини членовите дека се богатат на грбот на здравјето на граѓаните, првиот човек на комисијата  со отворена порака до Мицкоски и опозицијата – ги чека нив и нивните членови на состанок на комисијата да му образложат уште во среда. Вели во комсијата секогаш имало професионалци, а тој бил на член и во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Вели дека оставка треба да си поднесат тие што бараат од нив, а за сите мерки комисијата има конкретни обарзложение.

Законот пак со кој со амандманска интервенција на власта – маски на отворено ќе станат задолжителни, ќе се забрани групирање по 22 часот, одење на гости на повеќе од 4 лица во исто време, како и можност за хоспитализација на болни од ковид 19 во приватните клиники и зголемени ингеренции на владата околу мерките утре конечно ќе бидат на пленарна седница.

На деншната координација е договорено да помине потребата, а СДСМ очекува да помине и комсијата како и гласањето. Сепак, претседателот на комисијата за здравство Арбен Зибери за тв 24 вели дека комисијата за расправа ќе биде или утре или задутре, вели ќе зависи од текот со кој ќе тече утрешниот собраниски ден.

InterServer Web Hosting and VPS