Судијата Мунуера бил голем навивач на Реал

Каталонските медиуми, два дена по дербито со Реал, го истражуваат минатото на главниот судија Хуан Мартинез Мунуера. Судијата, кој прв пат во кариерата го судеше најголемото дерби на шпанскиот фудбал, од медиумите и од клубот е означен како главниот виновник за поразот (1:3).

Муниера, во 61 минута досуди пенал за Реал. Откако ја прегледа снимката од дуелот помеѓу Ленгле и Рамос, тој покажа на белата точка.

„Ваквите дуели, без доволен интензитет, не се причина за да биде досуден пенал. Доколку тоа е така тогаш на секој натпревар би имале по 40 пенали“, напишал експертот за судење на „Марка“, Андухар Оливер.

„Спорт“, водечкиот спортски медиум во Каталонија, тврди дека Мунуера е деклариран навивач на Реал Мадрид.

Мунуера е од Бенидорм, а неговиот татко го основал клубот на пријатели на Реал во овој град – „Лос Амигос де Бенидорм“.

Наводно Мунуера додека судел натпревари во третата лига на Шпанија, под судиската униформа секогаш носел дрес на Реал.

InterServer Web Hosting and VPS