Погба демантира: Веста е лажна, не се повлекувам од репрезентацијата

Пол Погба експресно одговори на медиумските тврдења дека се повлекува од француската репрезетнација поради претседателот Емануел Макрон. Тој во објава на Инстаграм на фотографијата со веста за повлекувањето која инаку ја објави „The Sun“ залепи текст „лажна вест“. Погба потврдува дека и натаму останува во националниот тим и дека секогаш ќе биде на располагање на француската селекција.

Текстот што ја разбранува јавноста тврдеше дека Погба се откажал од репрезентацијата поради изјавите на претседателот Макрон дека Исламот е извор на интернационалниот тероризам. Како извор на информацијата во текстот беа именувани „различни медиумски извори од Блискиот исток“.

InterServer Web Hosting and VPS