Гвардиола го напушта Сити, две имиња во игра за клупата на „граѓаните“

Манчестер Сити лошо ја отвори новата сезона. „Граѓаните“ по пет одиграни меча во Премиер-лигата имаат освоено осум бодово, но челниците на клубот имаат поголема грижа, тоа е Пеп Гвардиола.

Договорот на предводникот на Сити истекува на крајот на оваа сезона, а преговорите за продолжување на истиот не се започнати, Пеп нема донесено одлука за неговата иднина. Но, според тамошните медиуми тој ќе го напушти клубот, па веќе се бараат неговите наследници.

Две имиња се во игра, Маурицио Покетино, кој доби отказ од Тотенхем и Јулијан Нагелсман, кој прави одлични работи со Лајпциг.

sportmedia.mk

InterServer Web Hosting and VPS