Одлични вести за Зидан и Реал Мадрид: Азар се враќа во тимот (ФОТО)

Еден Азар е вклучен во составот на Реал Мадрид, што ќе патува во Германија за дуелот со Борусија Менхенгладбах во рамки на 2.коло во Лигата на шампионите.

Белгиецот се рехабилитираше од повредата на мускулот на десната нога што ја заработи на 30 септември. Тој ќе биде во комбинација за настап против Бундеслигашот, но тренерот Зинедин Зидан веројатно нема да брза со неговото враќање на теренот. Се очекува крилниот напаѓач да добие минутажа, но во финишот од натпреварот.

Азар имаше очајна прва сезона во дресот на „кралевите“ и заработи дури четири повреди. Постигна само еден гол во Ла Лига, а новата сезона е шанса конечно да го покаже најдобриот фудбал.

InterServer Web Hosting and VPS