“Падна” најмоќниот човек во македонскиот филм

На вечерашната владина седница разрешени се директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Македонија, Шпенд Хајредин, јавуваат медиуми блиски до владата Centar.mk.

Разрешувањето следува по претходен предлог на Љупчо Николовски – Вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси.

Горјан Тозија кој важи за најмоќен играч во македонката кинематографија е сменет по скандалот со навредите на хрватски и словенечки државни претставници и истрагата на европски институции за финансиски малверзации со пари на ЕУ.

Тозија е филмски работник кој кај граѓаните стана познат кога го организираше погребот на покојниот претседател Борис Трајковски.

InterServer Web Hosting and VPS