Георгиевски на средба со бугарската министерка за надворешни Захариева: Заев ќе оди следниот месец

Лидерот на ВМРО – Народна Љупчо Георгиевски, денеска се сретна со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа самата извести за средбата на социјалните мрежи и сподели неколку фотографии од состанокот. Сепак нема позначајни детали за тоа за што се однесувала средбата и што било разговарано.

Со мојот тим имавме корисна средба денеска со нашиот пријател од Република Северна Макеоднија и нејзин премиер од 1998 до 2002 година Љупчо Георгиевски, стои во објавата. 

Македонија и Бугарија се во специфични односи во моментов откако останаа отворени неколку прашања од Договорот за добрососедство, а за кои сега разговараат историчарите од двете земји.  

Следниот месец, на 11 ноември, премиерот Зоран Заев треба да оди во официјална посета на Софија и да се сретне со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Заев рече дека можно е Бугарија да го блокира процесот на почеток на преговори на Македонија со Унијата, ама дека ако тоа се случи тоа ќе значи дека има работи за кои не може да се преговара. 

InterServer Web Hosting and VPS