Во Косово се приведени 19 сириски државјани

По полициска потера на автопатот „Ибрахим Ругова“ косовската полиција привела 19 сиријски државјани за илегален влез во земјата.

Тие биле во комбе кое го управувало лице кое за сега не е познато на полицијата. Возачот кој возел со голема брзина излетал од патот при што влетал во приватен двор во призренското село Влашње. Тој побегнал во непознат правец.

Според извештајот на косовската полиција, настанот се случил во средата околу 07:55 часот во селото Влашње, Призрен. Во извештајот понатаму се наведува дека возилото е запленето, додека соодветната миграциска единица ќе го преземе случајот со мигрантите.

InterServer Web Hosting and VPS