Брнабиќ ја презема министерската функција од Дачиќ – тој сега ќе го води Собранието

Ивица Дачиќ, кандидат за претседател на српското Собрание, денеска по 12.30 часот ја напушти зградата на парламентот и се упати кон Владата, каде ќе биде извршено примопредавање на должноста министер за надворешни работи.

Во парламентот во тек е конститутивна седница на која се бира собраниското раководство, а Дачиќ е предложен за претседател на Собранието.

Инако, како што е најавено, српската премиерка Ана Брнабиќ ќе го изврши примопредавањето на должноста министер за надворешни работи со Дачиќ во 13.30 часот во Владата.

Брнабиќ ќе ја извршува должноста министер за надворешни работи до именувањето на новиот министер.

InterServer Web Hosting and VPS