Белгија бележи рекордни бројки, 13.227 новозаразени и 50 починати за 24 часа

Белгија во последните 24 часа забележа рекордни 13.227 нови случаи на инфекција со коронавирус, додека е постигнат нов врв во бројот на смртни случаи – 50.

Националниот центар за јавно здравје „Сиенсано“ вели дека бројот на заразени лица во Белгија продолжува да расте во однос на просекот на новоинфицираните на дневна основа од минатата недела, што е 9.692.

Просечниот број на смртни случаи во претходната недела беше 33 на дневна основа, а Белгија достигна бројка од 10.539 смртни случаи од коронавирус.

Експертите предупредуваат и на зголемување на бројот на хоспитализирани, што сега го надмина прагот од 3.000, а 525 пациенти се на интензивна нега.

Во Белгија дневно се тестираат околу 60 000 луѓе, а стапката на позитивност на тест е највисока во Брисел и Лиеж, каде што секое четврто испитано лице добива позитивен резултат на Ковид-19.

InterServer Web Hosting and VPS