Никол Кидман за семејните трагедии и најголемиот страв: Се плашам дека тоа наскоро ќе се повтори!

Актерката најмногу се плаши од ненадејна смрт од срцев удар и сè уште не може да верува како луѓето едноставно можат да исчезнат од вашиот живот
Никол Кидман пред медиумите откри од што најмногу се плаши – ненадејна смрт од срцев удар. Таа има добра причина за тоа – неколку членови на нејзиното семејство починаа на тој начин и Никол никогаш не ја преболе таа трагедија.

Во 2014 година, нејзиниот татко, д-р Ентони Кидман, почина ненадејно од срцев удар на 75-годишна возраст. Една година подоцна, нејзиниот поранешен зет Ангус Хаули одеднаш пропадна и почина од срцев удар на 46-годишна возраст среде службено патување.

Овие две смртни случаи, како и смртта на неколку пријатели, ја направија Никол исплашена и живее во страв од можна ненадејна смрт на нејзините најблиски.

“Смртта започна да влегува во мојот живот како нешто нормално. Јас не бев во ситуација, блиска личност да се разболи и полека да умре, луѓето од мојот живот само одеднаш исчезнаа”, изјави австралиската актерка.

“Се плашам дека ќе се повтори наскоро. Неверојатно е како сè може да исчезне за еден момент”, рече Никол.

InterServer Web Hosting and VPS