Модулот на NASA ќе слета на астероид и ќе има само десет секунди…

Агенцијата NASA се подготвува да го спушти вселенскиот модул на астероидот Бену и да донесе примерок на Земјата во 2023 година, но ќе има само десет секунди да земе примерок од површината.

Целиот процес на слетување на астероидот ќе трае четири и пол часа, а кога ќе слета, раката на роботот ќе се обиде да земе примероци од површината и да ги донесе на Земјата, на патување кое ќе трае три години.

Научниците се надеваат дека мисијата ќе отстрани некои сомнежи во разбирањето како се формирале планетите и како настанал животот. Ќе бидат и собрани податоци што ќе дадат увид во потенцијалните средби на астероидите со нашата планета.

Контролирањето на леталото нема да биде лесно, а NASA овозможи споредба како тоа ќе изгледа.

„Следниот пат кога ќе го паркирате вашиот автомобил пред вашата куќа или ресторан, влезете внатре и замислете дека од тоа место преку навигација го паркирате Озирикс-Рекс на 300 км понатаму“, рече еден од одговорните за овој проект, Мајк Моро.

Кога Озирикс-Рекс ќе влезе во орбитата на астероидот, ќе има четири и пол часа да слета, а раката на роботот долга над три метри ќе има десет секунди за да собере примероци.

Радио-врската со леталото доцни 18 минути, бидејќи Бену е оддалечен од Земјата околу 334 милиони километри.

InterServer Web Hosting and VPS