490 километри на час: Ова е најбрзиот автомобил на светот!

KPVM-TV објави дека овој викенд е срушен рекордот во развиена брзина од еден автомобил.

Имено, SSC го сруши рекордот на Koenigsegg поставен уште во 2017-та година, а сето тоа беше снимено од хеликоптер кој го следеше автомобилот.

Да потсетиме, Koenigsegg Agera RS во Невада возеше со просечна брзина од 447 километри на час (максималната брзина изнсуваше 457 км/ч), додека пак SSC Tuatara разви неверојатни 490 километри на час.

Некои информации говорат дека SSC Tuatara хипер-автомобилот развил и поголема брзина од 490 километри на час, меѓутоа тоа се уште не е потврдено. Доколку е вистина, во тој случај би бил соборен рекордот кој го постави Bugatti Super Sport 300+ на тест патеката Ехра Лесиен во Германија.

Се проценува дека SSC Tuatara може да развие максимални 502 километри на час.

InterServer Web Hosting and VPS