Поради Никол, Бред Пит би можел да го изгуби спорот со Анџелина Џоли, за старателството над неговите деца

Глумецот Бред Пит е бесен на новата девојка, германскиот модел Никол Потуралски, пишуваат страските медиуми. Како што пренесува National Enquirer, тој мисли дека поради неа, тој може да го изгуби спорот со Анџелина Џоли за старателството над нивните деца.

Бред смета дека Никол ќе му ги уништи шансите да може да биде надлежен на неговите деца, затоа што, таа во моментов е во отворен брак со познат германски бизнисмен и сопственик на ланец на ресторани, со кого има и седумгодишен син.

Медиумите пишуваат дека Бред е параноичен и дека ја предупредил Никол да молчи за сè што и кажал, за да работите не ескалираат ако таа одлучи да проговори.

„Бред со Никол споделил многу интимни моменти кои веројатно не требал да ѝ ги каже. Во последно време, голем број од тие работи излегуваат во јавност и затоа Бред и е љут на Никол. На пример таа неодамна објави фотографија на „Инстаграм“, со порака дека „Среќните луѓе не мразат“. Пораката беше јасно дека е упатена до Анџелина Џоли, а на Бред таквите работи во моментов не му се потребни“, открива извор близок до глумецот.

InterServer Web Hosting and VPS