Борисов: Со Меркел ги поддржуваме евроинтеграциите на Западен Балкан

„Со канцеларката на Германија, Ангела Меркел, ги поддржуваме земјите од Западен Балкан на пат кон ЕУ. Бугарија ќе продолжи да работи активно во оваа насока за време на нашето заедничко претседателство со Република Северна Македонија на Берлинскиот процес“, напиша на Фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој се наоѓа во Брисел, на Самитот на ЕУ.

Борисов слична порака му пренесе на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, минатата недела на средбата во Софија, кога раче дека должност е за сегашните и за идните генерации да се осигура дека во никој случај Република Северна Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан нема да бидат запрени на патот кон ЕУ.

InterServer Web Hosting and VPS