Кинеската вакцина се покажала како добра во првите две истражувања

Вакцината против коронавирусот, која ја развил Институтот за биолошки производи од Пекинг во првите и средните тестирања на луѓето, се покажала како добра и дека развива имун одговор, соопштиле денеска истражувачите.

Потенцијалната вакцина BBIBP-CorV веќе е одобрена за програма за итни случаи наменета за работници и други ограничени групи на луѓе кои се соочуваат со висок ризик од инфекцијата, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, дали успешно ги штити луѓето од заразата ќе се дознае после третата фаза за тестирања која моментално е во тек.

Оваа вакцина е една од најмалку 10-те во светот кои влегоа во третата фаза на тестирањето, а четири изработиле кинеските научници.

Како што се наведува, вакцината BBIBP-CorV не предизвикала несакани ефекти, туку само вообичаените благи реакции и грозница, како и болка на местото каде што е примена вакцината.

Во првите две фази од истражувањето објавени помеѓу април и јули, учествувале 600 здрави полнолетни лица.

InterServer Web Hosting and VPS