Жарко Караџовски бара ЈСП да пушти повеќе автобуси

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски од ЈСП бара да пуштат повеќе автобуси,односно да се врати делничниот возен ред. Граѓаните на Град Скопје кои го користат јавниот автобуски превоз не се во можност да ги следат и почитуваат мерките на Комисијата за заразни болести, која препорачува да се избегнуваат гужви.

Караџовски нагласува дека би било пожелно да има поголем број автобуси, за да се овозможи држење дистанца помеѓу патниците.

Апелирам да има повеќе автобуси, и да има поголем ред во градскиот превоз. Не може да нема автобуси, ќе запре градот. Ние ова како предлог ќе го доставиме формално до премиерот односно до Владата, а потоа очекувам постапување согласно нивните ингеренции, рече Караџовски.

Тој напомена и дека засега воведување карантин и полициски час не е потребно, но доколку продолжи овој тренд, не ни преостанува ништо друго освен полициски час, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџоски.

„Одредени настани се главниот промотор на поголемиот број на случаи. Концерти, забави, семејни прослави. Никој не носеше маска. Очигледно тоа не се почитуваше. Ќе речам дека овој есенски бран малку подрани. Ако продолжи да не се почитуваат мерките, не ни останува ништо освен полициски час. Сами ако не си помогнеме, нема никој. Ако не ги почитуваме мерките, тоа ќе не одведе до огромен број на заболени“, истакна Караџоски.

Една од мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести е забрана за работа на економските оператори после 23 часот, а таа се однесува на сите објекти меѓу кои и на угостителските објекти. Караџовски истакна дека мерките се планираат за да нема подела на операторите.

InterServer Web Hosting and VPS