Подгответе се за зимското сметање на времето – МОЖЕБИ ЗА ПОСЛЕДЕН ПАТ СТРЕЛКИТЕ ЌЕ ОДАТ ЕДЕН ЧАС НАНАЗАД

Следната недела се менува начинот на сметање на времето.

Еден час назад утрото меѓу сабота и недела на 24 и 25 октомври, стрелките на часовникот можеби за последен пат ќе се вратат наназад. Во недела на 28 октомври, во 3 часот наутро, часовникот се враќа еден час назад и ќе биде 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час подолго.

Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно. Граѓаните со кои зборувавме се со поделени мислења.

InterServer Web Hosting and VPS