Sony најави холографски екран – Spatial Reality Display (ВИДЕО)

Sony ни овозможи мал увид во иднината, кога ќе имаме прилика во продажба да го видиме Spatial Reality Display.

Новиот Spatial Reality Display рендерира 3D објекти, кои реагираат на движењата на главата на корисникот, а сето тоа тоа на 15,6-инчен 4К LCD екран што е најавен како „Eye-Sensing Light Field Display“. Сега овој екран пристигнува со визуелен сензор со висока брзина, кој ги следи движењата на очите, а се позиционира онака како што корисникот ја поместува главата или телото околу дисплејот.

Spatial Reality Display на Sony го дели екранот за левото и десното око, создавајќи стереоскопска слика на крајот. На екранот е потребен способен компјутер, а Сони препорачува процесор Intel Core i7 и супер графичка картичка Nvidia GeForce RTX 2070.

Овој интересен екран ќе биде достапен од ноември, по цена од 5.000 американски долари.

InterServer Web Hosting and VPS