Уапсен кумановец кој избегал од затворот во Идризово

Полицијата уапси умановец кој избегал од затворот во Идризово, а кој имал за доиздржување затворска казнa од околу три години

Според информациите на МВР, вчера во 21.45 часот, полициски службеници, врз основа на судска наредба, го привеле Ф.З.(26) од Куманово за доиздржување казна затвор од две години и 11 месеци во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

За него била распишана потерница, а бил осуден за злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор и за тешка телесна повреда.

InterServer Web Hosting and VPS