Виери: Никој не е како Златан

Кристијан Виери, некогашниот напаѓач на италијанската репрезентација за „Gazzettu dello Sport“ зборуваше за миланското дерби, но и за Златан Ибрахимовиќ. Тој не штедеше зборови за шбедскиот фубалер.

„Никој не е како него, никој нема толку искуство. Техника, преглед на играта, голови, асистенции, никој не може да го прави тоа како Златан. Тој ги урива границите. Некој кој ќе изјави дека коронавирусот се „фатил“ со погрешен човек, тогаш тој е психолошки подготвен над сите други. Ќе биде фит за миланското дерби“, рече Виери.

Дуелот меѓу Интер и Милан е закажан за во сабота со почеток во 18 часот.

InterServer Web Hosting and VPS