Професор Топалов: Секој трет Бугарин е од Македонија, затоа Бугарија го смета овој народ за братски

Бугарскиот професор, Кирил Топалов, кој е член на заедничката бугарско-македонска комисија, при гостување во емисијата „Денот почнува“ на Бугарската Национална Телевизија зборуваше за прашањата како „Дали се доведени во прашање преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ и дали Бугарија е кочница на овој пат?“, „Што се случува околу Мешовитиот комитет, чија задача беше решавање на контроверзни историски прашања?“, но и други прашања поврзани со оваа актуелна тема и кај нас и во Бугарија

Не можам да именувам друга земја која е пососедска и добронамерна кон Република С. Македонија од едноставна причина што скоро секој трет Бугарин е од Македонија. 

Бугарија традиционално го смета овој народ за братски, но спротивното не важи, бидејќи секоја партија што бара моќ, во оваа земја се потпира на антибугарската пропаганда како најсигурен аргумент за победа.

Договорените работи меѓу двете земји во однос на историските факти не стигнале до ниту еден од граѓаните на Република С. Македонија. Ова е исто така апсурдно – вели Топалов.

Во текот овој месец, по состанокот со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека решението за историските спорови меѓу Бугарија и Македонија мора да се постигне до 10 ноември.

InterServer Web Hosting and VPS