Реал Мадрид се обидува да го купи Нејмар, но Марсело смета: Не ни се потребни нови засилувања

Марсело вели дека на Реал Мадрид не му се потребни нови засилувања иако клубот се уште се поврзува со големи ѕвезди.

И покрај лошите резултати на подготовките, Реал Мадрид со сигурен триумф во Виго ја стартуваше новата сезона. Се чини како да се смири тензијата во клубот и кралевите полека се насочуваат на вистинскиот коловоз.

Реал Мадрид се уште се поврзува со нови засилувања, пред се со Нејмар, но Марсело вели дека тимот е добар и не им се потребни други играчи.

„Нови засилувања? Не, нашиот тим е добар. Тешко е, но ако се фокусираме само на нашата работа, можеме да ги освоиме сите титули“, вели Марсело.

„Откако дојдов во Мадрид, клубот ме научи да се борам за сите титули. Оваа година не е ништо поразлично. Ние ќе се бориме за титулите во Лигата на шампионите, во Примера и во купот“.

„Знаеме дека секоја година е потешко да се освои Лигата на шампионите. Исто е и со лигата и купот. Во сите земји клубовите напредуваат. Секоја година станува се потешко“.

InterServer Web Hosting and VPS