Умерено облачно со сончеви периоди, вечерва дожд

Умерено облачно со сончеви периоди, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

InterServer Web Hosting and VPS