Владата најавува дека Пошта ќе се приватизира- можни се две опции

Posta, makedonska posta direkcija

Приватизацијата на Македонска Пошта повторно се актуелизира. Владата на вчерашната седница ги задолжи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Пошта Ејуп Рустеми, да го „подготват теренот“ за решавање на статусот на Пошта.

Битиќи се надева дека физибилити студијата, која ќе треба да покаже дали ќе се оди со јавно-приватно партнерство или пак целосна приватизација, ќе биде готова до крајот на годинава.

Пошта долги години ниже минуси кои се покриваат со пари од граѓаните. На нејзините услуги со години се жалат голем број граѓани, а ревизорите постојано отриваа неправилности во работењето. Состојбата на Пошта се влоши и по пропаѓањето на Еуростандард банка преку која се вршеа услугите со платниот промет. Само во првата половина од годинава компанијата има загуба од нешто над 850 илјади евра.

Пошта не е единствената државна фирма за која е отворена можност да добие нов газда. Премиерот Зоран Заев најави дека вакви идеи има и за загубарите како што се Железница-Транспорт, Еурокомпозит, ТЕЦ Неготино, како и велешка Колска.

InterServer Web Hosting and VPS