Повисоките одделенија на училиштата во Москва преминуваат на онлајн настава

Властите на Москва денеска соопштија дека голем број ученици од понеделник преминуваат на онлајн настава со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Мерката ќе се применува на ученици од шесто до 11 одделение и ќе биде во сила две недели, објави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Учениците од 1 до 5 одделение ќе се вратат на училиште кога повисоките одделенија ќе преминат на онлајн часови.

Учениците од повисоките одделенија ќе следат часови онлајн, затоа што меѓу нив се појавуваат најмногу новозаразени, рече Собјанин.

– Одлуките што ги донесовме денеска не се лесни, но тие се едноставно неопходни земајќи ја предвид епидемиолошката состојба и потребата учениците да добијат квалитетно образование, рече градоначалникот на Москва.

Во Русија од почетокот на пандемијата има вкупно 1.326.178 заразени, од кои 339.431 се во Москва.

InterServer Web Hosting and VPS