Lenovo Thinkpad C13 Yoga e Chromebook креиран за канцеларија

Lenovo го претстави Thinkpad C13 Yoga Chromebook, придружувајќи им се на HP и Dell во претставувањето на бизнис лаптопи со Chrome OS. Идејата е безбедносните и организациски карактеристики на Chrome OS и Google Workspace да им се овозможат на корпоративните IT одделенија што не го користат Microsoft Office365 екосистемот .

Thinkpad C13 Yoga е веројатно најубавиот деловен Chromebook досега, со Abyss Blue  алуминиумско куќиште и наменски дизајн. Лаптопот е опремен и со соодветни спецификации, вклучувајќи го AMD Ryzen 7 3700C процесорот, 13,3-инчен 1080p дисплеј со тенки рамки, голем број портови и WiFi 6 можности.

Лаптопот го карактеризираат и бројни бизнис решенија, идеални за работа на далечина. Има HD веб-камера, двојни стерео звучници и два микрофона. Присутно е и опционалното паметно пенкалце за брзо скицирање, а лаптопот работи и со новите Google и Lenovo Meet Series One пакети за подобрување на видеото и звукот, како и AI намалување на вревата.

Lenovo Chromebook Thinkpad C13 ќе биде достапен наскоро, со почетна цена од 579 долари.

InterServer Web Hosting and VPS