По повеќе од 20 години, таа скокна повторно во костимот Круела Де Вил, а костимот и шминката овој пат сама ги направи

Актерката Глен Клоуз, која се прослави со улогата на познатата Круела Де Вил во две продолженија на филмот за далматинските кутриња, на 74-годишна возраст, за кратко повторно ја отелотвори злобната икона и ја воодушеви јавноста со својот изглед.

Таа глумеше во филмот „101 Далматинец“ уште во 1996 година, а потоа во 2000 година во продолжението под името „102 Далматинци“. Скоро и да нема личност што не знае за нејзината култна улога Круел Де Вил. Актерката Глен Клоуз, по две децении, повторно се појави пред публиката во ликот кој ја обележа нејзината кариера.

Познатата Американка на 74 години го креираше својот костум дома, искористи перика и ги покажа своите вештини за шминкање, а потоа објави сè на својот официјален профил на Инстаграм.

Клоуз откри дека го носела костумот за претстојниот американски празник „Ноќта на вештерките“ и детално објасни како да се постигне овој изглед. Таа спомена дека направила своја шминка и дека во отсуство на одредени производи посегнала по она што го има скоро секое домаќинство.

За да постигне блед изглед, таа стави бебешка пудра на лицето. Тогаш рече дека за овој изглед е подобро да се користи црвен кармин во течна варијанта бидејќи тој ќе се залепи попрецизно. Со вештачки трепки, долги црвени нокти, неколку животински дезени во нејзината облека и популарната двобојна перика, изгледот на злобната Круела беше целосно пресоздаден.

Дел од обожавателите во коментарите ѝ напишаа дека е незаменлива и дека е единствената што треба повторно да ја игра таа улога.

Да потсетиме, неодамна беше објавено дека започнува да се подготвува нов проект за слатки бели кучиња со црни дамки на крзното, а актерката Ема Стоун треба да ја игра улогата на Круела.

InterServer Web Hosting and VPS