Клоп по „дебаклот“: Има една добра работа…

Вчера Ливерпул изненадувачки и неочекувано загуби со 7:2 од Астон Вила на гостувањето во Бирмингем. Тоа е прв пат еден шампион да прими 7 гола во историјата на Премиерлигата.

Јирген Клоп, менаџерот на шампионот истакна и една добра работа по „дебаклот“.

„Добра работа е што немаме ниту еден повреден играч“, соопшти Клоп.

Тој истакна дека вчера неговите играчи правеле се што не треба да прави една екипа на фудбалски натпревар.

InterServer Web Hosting and VPS