Правдата не е политички прогон

Криминалците, насилниците и злосторниците го наоѓаат своето безбедно прибежиште во политиката. Никогаш не одговорија на ниту едно прашање, не признаа ниту едно свое злосторство и криминално дело. Кога сосема ќе ги соголи судската истрага или новинарските истражувања, тоа бесрамно го нарекуваат политички прогон. Пари, корумпирани новинари и невладини организации за да ја соопштат својата „вистина“ имаат на располагање, речиси толку колку што им е потребно.

Точните дијагнози за менталната, психолошката и морално-политичката состојба на одредени, добро познати ликови, секогаш, без ниеден исклучок, предизвикуваат нервоза, агресија и страв. Кај некои се забележува и срам, но многу ретко. Најретки се оние што на дијагнозите реагираат со решеност да направат нешто добро за себе и за другите, да ги отстранат слабостите кај себе и да ги санираат штетите што им ги предизвикале на другите. Но, да ги видиме денеска првите, оние што реагираат со нервоза, агресија и страв. Оние без срам.

Сатисфакцијата од правдата не е исто што и одмаздата. Правдата претпоставува казна и можност за рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во нормалните текови на животот. Па нека е тоа и воен злосторник. Колку и да не ни се допаѓа тоа, злосторникот има и го користи правото да биде и политичар и да се кандидира на избори. Откако ќе ја одлежи казната.

Одмаздата бара на престапникот да му се нанесе болка, најмалку толкава колкава што била болката што ја предизвикал. Одмаздата бара страдањето на казнетиот да биде видливо, јавно, на плоштад. Правдата е студена и бара пропорции на казна која не уништува, туку компензира и коригира. И никогаш не е идеална, посебно во период по владеење на криминална режимска клика каква што беше онаа на Груевски и неговата мафијашка Фамилија.

Режимот на Груевски ја злоупотребуваше правдата, ја претвори во значаен дел од неговиот криминален апаратус. Го претвори судството во недостоинствен „сваровски“ систем на хајка и сурова одмазда против неистомислениците, а полицијата ја претвори во гангстерска бејзбол палка за принуда, страв и логистика за неговите изборни кражби.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

InterServer Web Hosting and VPS