Скопјанец измамил жител на Дебар за 1000 долари за медицинска интервенција

Дебранец измамен за 1000 долари мислејќи дека помага за медицинска интервенција. Имено, против 30-годишен скопјанец поднесена е кривична пријава поради измама.

Од полицијата информираат дека на 29 јуни, измамникот на жител од Дебар му се претставил како странски државјанин и му побарал пари со цел да плати медицинска интервенција за член на семејството на неговиот пријател.

Ставајќи го во заблуда, оштетениот му дал 1000 американски долари и 100 евра, додаваат од полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.

InterServer Web Hosting and VPS