Катица Јанева во вторник на распит за Рекет

Обвинителката во заминување, Катица Јанева следниот вторник во 10 часот треба да даде исказ за случајот Рекет. Таа веќе ја добила поканата од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, на  чие чело стои Вилма Русковска. Денеска на распит е колегата на Јанева, Бурим Рустеми, а претходно исказ даваа обвинителките Лиле Стеванова и Елизабета Јосифовска.

Новинарите денеска ја начекаа Стефанова пред Кривичниот суд во Скопје откако таа таму се појави поради рочиштето за предметот Титаник, кое сепак беше одложено. Тие ја прашаа каква е нејзината експертска оцена за комуницирањето на Јанева со осомничениот бизнисмен Орце Камчев со цел да биде сведок и во други истраги, таа рече дека не е експерт за кримина.

Стефанова посочи дека таа е експерт против криминал.

InterServer Web Hosting and VPS