Шалке избра нов тренер

Мануел Баум е изборот на управата на Шалке за нов шеф на стручниот штаб на бундеслигашот од Гелзенкирхен, кој во неделата му врачи отказ на досегашниот тренер Давид Вагнер.

Како најсериозна опција по отказот на Вагнер беше споменуван Ралф Рангник, но челниците на Шалке се решија за ангажман на 48-годишниот Баум, чиј последен ангажман беше селекторската функција во У-18 репрезентацијата на Германија. Тој потпиша двогодишен договор со Шалке, а прв асистент ќе му биде долгогодишниот фудбалер на „сините“, Бразилецот Налдо.

Баум ќе има пеколно тешко деби на клупата на новиот клуб, со оглед на фактот дека прв предизвик ќе му биде саботното гостување против Лајпциг.

InterServer Web Hosting and VPS